Екарт Тол: „Ако сме целосно среќни целиот свој живот, никаква еволуција не би била возможна“

Екарт Тол е духовен учител и автор на неколку бестселери. Најпознат е по книгата „Нова земја“ и „Моќта на сегашниот миг“. Во продолжение го споделуваме неговото размислувањето каде зборува за животот и како нештата во него тргнуваат во погрешна насока.

Кога сме во контакт со подлабока димензија на стварноста, сите нашите актуелни проблеми се релативно неважни. Да се биде во контакт со таа длабочина од реалноста е ослободувачки и постои некоја радост во спознанието кои сме ние над своите проблеми.

Животот во кој се поистоветуваме со нашето тело, физичкото и суптилното, сочинет од ум, интелигенција и его, не е сеопфатен. Секогаш во нас постои одредено чувство на нецелосност. Kако нешто да недостига, некоја главна состојка која на сѐ би му дала смисла и исполнување.

Во младоста можеби сме замислуваме дека животот ќе ви се одвива на одреден начин. Сме имале секакви идеи, но на многумина од нас тој сон не ни се исполнил. Понекогаш луѓето го набљудуваат својот живот како тој да е една тажна приказна во која постоел толкав потенцијал и надеж дека нешто големо ќе се случи. Но толку многу нешта не се сложиле и имало “погрешни“ избори, ситуации, околности и луѓе.

Другите луѓе можат да мислат дека сме сјајни – имаме еден куп обожаватели на инстаграм и фејсбук, на фотографиите изгледаме пресреќно, исполнето, но во реалноста сѐ уште сме несреќни. Иако многумина мислат дека среќно го живееме животот од соништата, секогаш ќе има нешто што ќе недостига. Во нашите животот секогаш ќе недостига нешто т.е. владее некој немир и незадоволство.

Можеби понекогаш доживуваме кратoк период кога чувствуваме дека сѐ ни оди добро, имаме супер односи, доволно приход, луѓето ја препознаваат нашата вредност. Можно е кратковремено да бидеме на такво место, но секогаш е кратко бидејќи животот не е така осмислен. Тој е дизајниран за работите да тргнат во погрешна насока. Без оглед колку позитивно ќе размислуваме, во животот е вградена таа една одлика, како некој елемент на саботажа како дел од него. Најверојатно ова сте го забележале.

Можеби сте помислиле како животот токму вас ве избрал за да бидете саботирани со тој “непожелен“ елемент, но вистина е дека е вграден во сечиј живот. Останатите многу добро го сокриваат тој елемент од другите и никогаш не би признале дека ноќе лежат во агонија или што и да се случува. Ова е занимлив факт.

Кога еднаш ќе дознаете дека овој елемент кој пречи е вграден во вашиот живот тогаш можеби ќе можете да дојдете до прифатливиот факт дека е универзално нешто со кое секој човек треба да се соочи.

Секогаш во некое подрачје или период од животот се случува некое нарушување, без оглед дали било неодамна или пред неколку години. Но и понатаму остава многу траги околу себе, влијае на начинот на кој сега го доживувате вашиот живот. А потоа доаѓа повторно – откако ќе се решат финансиските проблеми и ќе бидете добро, најпосле имате некоја финансиска сигурност – одеднаш се појавува некој здравствен проблем или обратно.

Или најпосле ја добивате таа прекрасна и исполнувачка работа, но одеднаш вашата фирма ја презема друга фирма и одеднаш ви кажуваат дека не сте им потребни. Сите имате примери од сопствениот живот. Изгледа дека кај некои луѓе непрекинато сѐ оди по зло. Меѓутоа, не може да биде толку лошо ако сега го читате овој текст. Бидејќи ова вам ве довело до патот на духовно будење.

Веројатно никој не би се заинтересирал за духовно будење, а да не искусил незадоволувачка природа од своите животни ситуации. Јас сум за тоа благодарен во својот живот и вие можете да бидете благодарни на тоа во својот. Бидејќи не би се случила еволуција на свеста. Ако сте биле целосно среќни целиот свој живот – никаква еволуција не би била возможна, никаков развој.

Не би било можно влегувањето во длабочина, би сте танцувале по површината на нештата – „да испиеме уште еден пијалак, да се најадeме, да гледаме добри филмови и останати сетилни уживања, секс, патување…“. Но тука едноставно нема никаква длабочина. Немаше да бидете способни за сочувство или емпатија со другите луѓе. Немаше да имате длабок преглед кој произлегува од страдањето. Ќе постоевте само на површината. Но за среќа многу малку луѓе, а веројатно и никој тоа го нема и ако би го имал тоа би станало елемент кој ќе пречи.

На нивото на обликување идентитет, никогаш не можеме да достигнеме целосно задоволство. Не е возможно. Ослободувачки е ова да се знае. Сѐ уште можете да се обидете да го унапредите својот живот. Обидете се да го подобрите своето живеење. Ако не сте среќни таму каде што живеете, обидете да се пронајдете подобро место за живот. Или ако здравјете не ви е добро, можете нешто да преземете по тоа прашање.

Но основа за акција секогаш треба да биде присутноста и прифаќањето на постоењто во сегашниот миг. И тогаш преземате акција. Но ни ова никогаш нема да биде целосно задоволувачки. Единствено што може да донесе вистинско задоволство е сознанието дека постои друга димензија на вашето “јас“.

Целото задоволство произлегува од сознанието дека вие не сте само личност која живее во овој свет, која има своја личност и историја, туку нешто многу повеќе, а тоа е – свеста.
Во суштина вие сте безвременска свест.

Екарт Тол – Еволуцијата на свеста

Прочитајте ги и седумте чекори за промена на животот според Тони Робинс.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?