Доаѓаш на кочија пролеана со злато
Твојот ореол блеска над твоето чело
Источните брегови се шират кон запад за да те поздрават
За да видат дека секое утро е нов почеток
А тоа си ти, Сонце мое небесно
Почеток за секој крај.
Ги знаеш сите тајни на Земјата и сите неверни љубови
Трето око си, шесто сетило
А твојата Луна, твоја вечна придружничка те прати
Но, само ти си животодарно
Само ти блештиш, грееш, живот даваш, сонце мое
Само ти не креваш од длабоките соништа
Само ти ни го покажуваш патот на светлината
И не вадиш од темнината.
Никој не ја знае твојата моќ Сонце мое
Но само еден мал зрак е доволен
Да го оживее светот
Да ги врати сите соништа избегани во универзумот на небитието.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.