Skip to content

Mесечина – Сабахета Ета Мерсими

  • by

Месечината тивко продира
низ долгата ноќ
со својата светлина
ги впива боите на виножитото
зрачејќи со својата чудесна убавина
Намигнувајќи на звездите
посеани по небото
испраќа пораки:
Ве гушкам во моите прегратки
додека сонот ве води далеку
со замислени рајски желби
и сонцето го покаже своето лице
милувајќи ве во раните зори
Јас ќе се грижам за Вас,
осветлам патеката
од темната ладна ноќ.
Ќе ги чувам вашите тајни
ќе бидам покрај вас
Познавајќи ја твојата аура,
како верен пријател
слободно да ги
броите ѕвездите,
посакувате желби
и чувам од закани на ноќта!

Напишете коментар