Tетида (Θέτις, Thétis) во старогрчката митологија била морска нимфа, една од Нереидите. Била внука на Тетија, и мајка на Ахил; нејзините родители биле Нереј и Дорида , била во брак со Пелеј.
Според Хомер („Илијада“, I, 258), Тетида и нејзините сестри живееле во кристална пештера на морското дно. Во старогрчката митологија, Тетида имала неколку допири со боговите. Таа го ослободила Зевс од синџирите, дека се грижела за Хефест кога тој бил повреден, а со Дионис спиела на островот во Црвеното Море, во постела од морската трева.
Се омажила за смртник, Пелеј
Според древните записи, на Тетида ѝ се додворувале Зевс и Посејдон, но кога Темида го открила пророштвото дека синот на Тетида ќе биде поголем херој и од Зевс и од Посејдон тие ја принудиле да појде за смртникот Пелеј, познат и како Калхант.
Тетида била позната по тоа што ја менувала својата форма и станувала оган или лав. Пелеј, добил советот на Хирон, еден од Кентаурите да ја пронајде додека спие и да ја заврзи. Пелеј ги истрпел нејзините промени и ја добил за сопруга.
Нејзината свадба била причина за Тројанската војна
Тие се венчале во гората Пелион, а на свадбата присуствувале сите божества од Олимп. На веселбата единствено не била поканета Ерида, божицата на злото. Таа се одмаздила така што испратила златно јаболко на кое пишувало „за најубавата“, со што внела раздор помеѓу божиците Хера, Атина и Афродита, а Парис го довела во неповолна ситуација да мора да избере на која од нив да го даде јаболкото.
Тетида и Ахил
Својот син Ахил, кој го добила со Пелеј, според едно од тврдењата за полубожествена припадност на Ахил, тврди дека таа ноќе го држела во пламен за да му ја изгори смртноста, а дење го хранела со амброзија за да добие сила. Кога Пелеј ја затекнал сопругата како го држи детето во пламен, тој викнал, поради што таа го повлекла но не му ја заштитила и петата. Мислејќи дека таа сака да го убие, Пелеј кренал меч на Тетида, таа без објаснување избегала во длабоките води кај татко си, но никогаш не престанала да бдее над Ахилеј.
И во вториот мит петата на Ахилеј ја оставила како единствено смртно место на неговото тело, но овој пат поради тоа што таа своето новороденче го потопила во реката Стикс, но морала да го држи за петица да не го однесе водата.
Го штитела Ахил да не го појде во војна
Ахил го воспитувал и чувал кентаурот Хирон на брдото Пелион. Покрај сета грижа за младиот потомок, пророштвото на врачот Калхант тврдело дека тој ќе загине во Троја. Поради тоа Тетида го одвела на Скира, го преоблекла во девојка и доверила на чување на кралот Ликомед.
Ахил во себе го носел воениот инстинкт: според едно предание при првиот звук на воените труби го грабнал оружјето, а според друго тоа се случило кога Одисеј, испратен од Менелај пошол да го најде Ахилеј, тој понел многу дарови за девојки, но и оружје: меч, штит и копје. Ахил воопшто не обрнал внимание за накитот туку се фатил за оружјето. Одисеј му го поклонил оружјето, а потоа тргнале во војна за Троја.
Тетида и тогаш пробала да го заштити синот. Од Хефес побарала да му искове штит и оружје со кое би бил сигурен. Кога пророштвото се остварило, Тетида ја собрала пепелта од својот син и го положила во златната урна и му кренала достоинствен споменик, а во негова чест организирала огромен пир.
Прочитајте го и Митот за Ахил.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.