Skip to content

Сонце – Софија Величковска

  • by

Мирис на море,
вечно боледување,
си одиш од мене
и понатаму знам дека ќе морам сама,
а денот не завршува,
ноќта не доаѓа,
не можам да плачам,
не сакам да плачам,
мене ми е доцна да се предадам на друг,
мене ми е доцна да запловам на друг остров,
мене ми е доцна да грешам,
да барам помош и да тонам,
мене ми е предоцна да сакам,
тебе да те сакам,
и да воздивнувам,
оти само во воздишки те пронаоѓам,
таму те бркам,
таму те чувам,
таму те повикувам,
а сепак таму те убивам.
И убиец станав,
убиец на своите сопствени движења
кога ќе те здогледам тебе,
да,
кога ќе те здогледам
стојам како избезумен странец
срамежлив и понижен.
И ми велиш:
,,Сонце,
мое сонце
повторно влези ми во душава”,
нека се задуши темнината во студен сончев грч.
Сонце без топлина сум.
Сонце без топлина после тебе.

Софија Величковска

Напишете коментар