Skip to content

Живот по смрт – А. Лефкоска

Има ли живот по смртта?
Не мислам на физичка,
Туку емоционална;

Онаа што како Рошархови дамки
ти ги бои очите и труе крвта.

Има ли живот кога животот ќе згасне?
Кога светлото ќе се изгуби
а мракот ќе порасне и
ќе го обземе срцето
и ќе ги пребои вените,
Сè одвнатре ќе се преврти однаопаку,
ама надвор нема да се гледаат измените.

Има, ама ќе умреш и никој нема да примети,
Ќе загинеш во сопствениот мрак, а никој нема да дознае,
И да кажеш, ниеден збор посмртен нема да се прифати,
Ништо за тебе битно, нема да се осознае.

Напишете коментар