Денеска сосема случајно кај колегите од Офнет наидов на “ушобол“ откако го ислушав “перформансот“од некои три минути. Го погледнав јутјуб каналот и имаше што да видам. “Благодушка Марулова“ која паметам се појави пред некоја година на фејсбук и беше главна мета за зафрканции, се вратила повторно (камбек) за време на ланскиот карантин. Лани јас сум го пропуштила воскреснувањето на овој феномен кој брои речиси 1000 претплатници на јутјуб каналот.
Од појавата на “феноменов“ досега нејзиниот/неговиот фејсбук профил брои над 25 илјади следбеници. Сѐ е јасно во кава земја живееме. Каде фиктивните ликови добиваат толкава популарност од луѓе кои си го денгубат сопственото време. Јас од моето време на Благодушка најмногу изгубив само анализирајќи ја целата “фама“ околу феноменот и барајќи фотографија. Се запрепастив кога видов дека со цел памет луѓе ѝ коментираат на статусите кои се гледа од авион дека се троловски.
Уште повеќе се запрепастив од интересот луѓето да гледаат и слушаат такви видеа кои не им носат апсолутно никаква корист. Освен неквалитетно потрошени десетици минути и изложување на штетно зрачење од (најверојатно) некој “болен“ ум кој мисли дека прави нешто интересно криејќи се зад лажен идентитет. Во морето на премногу корисни канали и начини на информирање, тие речиси 1000 одлучиле дел од нивното време да го поминат таму. Нивен живот, нивно време, нивно право.
Кои се моите претпоставки за ликот кој стои зад Благодушка?
Не треба многу да си умен за да сфатиш дека ликот со кој е претставена “Благодушка“ воопшто и не постои целосно. Ликот (односно главата) е исечок од некоја слика рандом пронајдена на некоја веб страница, а потоа само се фотошопира во различни тела. Ова го забележав само со гледање на насловните фотографии од јутјуб видеата. Се гледа дека оној или онаа (можеби се и група “оние“ што би било уште потрагично и позагрижувачко) не го владее фотошоп најдобро.
Потоа кристално е јасно дека гласот е обработуван во компјутерски програм, а мене лично во “карантинската песна“ повеќе ми личи дека е машки. Останатите песни не ги пуштив, но после прочитот на текстот на една “безобразна песна“ со над три илјади преслушувања видов дека се работи за некој вид отстапување од нормалното функционирање.
Накратко за видеата од “блиц“ разгледување на каналот
Видеата станале толку вирални со исклучитено голема бројка на прегледи за македонски стандарди. Постојат јутјуб канали на наши изведувачи чиишто некои песни немаат достигнато толкава бројка, а станува збор за исклучителни уметници. Овде се потврдува помислата дека “сеирџиското“ и она што е направено само за забава повеќе ја привлекува пошироката маса од вистинскиот квалитет. Не може ни да се направи споредба со музичарите, но со оглед дека се правени пародии (со цел) на некои од најпопуларните песни од претходните години некој имал болни амбиции да стане “познат“ по секоја цена.
Не можел/а да го оствари тоа во реалноста, па решил во виртуелната реалност да создаде најдолен можен лик (што било најлесно и соодвествува на интелигенцијата) бидејќи не можел да создаде и произведе ништо поквалитетно. Жално, тажно и бедно што некој/а си го поминува своето време слушајќи го она. Најверојатно не знае за попаметен начин.
Така, сѐ некои сомнежи имам дека зад Благодушка Марулова се крие машки идентитет (можеби во тинејџерски години) со премногу слободно време, кое наместо да го троши да учи лекции онлајн, тој смислува безобрзани песни за да ја забавува “жедната“ јутјуб публика за шоу од ваков вид. Би било навистина премногу шокирачко откривањето на возраста на идентитетот кој се крие зад ликот на Благодушка и испадне дека се работи за возрасна личност во рана или доцна адолесценција.
Оној што стои зад тие фејсбук и инстаграм профили и јутјуб канал знае точно што прави (но за жал без целосна свеснст дека е за лекување). Веќе добро ја проанализирал македонската нација и сфатил каде најмногу се “палат“ луѓето по друштвени мрежи. Ова пак ме наведува на помисла дека сепак за жал не се работи за тринаесет годшни деца. Тие се зафатени со Лол, Кантер и останати игрици.
Која е возраста на Благодушка?
Полесна ми е помислата дека зад ликот на Марулова стојат тинејџери на кои им било толку здодевно, па склучиле пакт да ја создадат како интернет лик. Ги споиле способностите, некој пишува текст, друг го обработува звукот и видеото, трет фотошопира, а четврт е задолжен за социјални мрежи. Секоја чест ако зад овој лик стои само едно лице бидејќи навистина треба да имаш многу креативност за сѐ сам да измислиш. Сосема е возможно и тоа, но сѐ некако мислам дека ликот се развива во позадина на групни собиранки на повеќемина.
Дали некогаш ќе се открие кој стои зад ликот на Благодушка?
Претпоставувам дека ликот или ликовите (со очајна смисла на хумор) можеби ќе сакаат да се откријат штом ја достигнат темпираната бројка на претплатници на каналот и број на прегледи. Целта им е да стигнат до што поглеми бројки и да почнат да заработуваат на ваквите глупости. Подобро за нив е да сакаат да останат анонимни бидејќи првата опција крие уше потешко нарушување. Ако се открие кој стои зад “Благодушка“, повеќе нема да им биде толку интересен феноменот. Луѓето секогаш повеќе ги привлекувала мистеријата.
Најискрено самата помисла не ми паѓа драго дека мојот јутјуб канал кој постои од 2014-та година брои значително помаку следбеници кога ќе направам паралела меѓу вложениот интелектуален труд и време за да се создадат сите тие видеа. Фактот дека “безобразното“, “сеирџиското“, “некорисното“, “невредното“ привлекува повеќе внимание кај луѓето почнува да ме иритира. Ова укажува на една можна премисла која вели дека: „Повеќето не знаат квалитетно да го потрошат времето поминато на интернет“. Сите трошиме многу време на интернет, па би требало да знаеме како и во што го вложуваме.
Во некоја наредна прилика можеби и повеќе ќе зборувам за овој феномен бидјеќи има уште да се каже. До следно!
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.