Ќе одиш и в планина сон да бараш сон не ќе најдеш,
Ќе седиш тивко в градина – послушна
прашувајќи се каде погреши,
Ќе те јаде полека она што го премолчи;
Од ден на ден ко мртвите црвите,
Дур не ти прокривари на крај гласот со името мое на усните.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.