Skip to content

Момчето и желбите – Поучна приказна

Едно младо момче сонувало дека влегло во голема продавница, а во неа стоел човек и ги послужувал луѓето кои влегувале.

“Што продавате овде?“ Прашало момчето.

“Сè што ќе посакаш и замислиш. “ Одговорил човекот.

Младото момче започнало да набројува: “Јас сакам да престанат сите војни на светот, да има правда, великодушност и разбирање, почитување, повеќе љубов меѓу семејствата, работа за невработените, повеќе добрина меѓу луѓето и…“.

Човекот го запрел и му рекол: ” Повели. Ова е семе од кое ќе добиеш сè, ти само погрижи се од него да пораснат плодовите.“.

Поука: Ако нешто сакаме да се направи или промени, тогаш ние први мораме да ги засадиме семињата на таа промена.

Прочитајте ја и приказната за розите и трњата.

Напишете коментар