Ни збор за глуждот што подмолно боли
Сте минале, од љубов гладни, саме.
И една смртта ве запозна голи,
аскети преки – Гоце, Пере, Даме.
Ни еднаш рака на вашето раме
не се допре, што сакала да гушка,
а само сенка бесплотна од знаме
и само колан од студена пушка.
И само на сон сте земале прочка –
забрзани – до оној заден екот,
до оној куршум, в срце, како точка.
Не истина на сонот жедост врена,
не сетивте да стане дребен векот –
ни колку може да навреди жена.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.