Катарза – Ирена Белешковска

Со збор душата се лекува
мелем е секоја добра мисла.
Дур’ пее срцето се молам
насмевка на усни да векува.

И ведрина в очи ми царува
кога си до мене без плашт.
Љубов и милост ме огрева,
надеж за светот ми дарува.

Пеј и живеј,
љуби и губи,
учи и одлучи,
троскот си ил’ пиреј.

Ирена Белешковска
close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели