„Поетска ноќ во Велестово“ е поетски фестивал што се одржува во охридското село Велестово. Организатор на манифестацијата е Славе Ѓорго Димоски.
Од денеска до 22 август на повеќе локации во село Велестово и во Охрид ќе се одржи 33. издание на манифестацијата.Свеченото отворање е вечерва (петок) со почеток во 21:00 часот во село Велестово, со настап на гитаристот Мартин Милески. За делото на Лазаров ќе беседи проф. Д-р Димитар Пандев, а стиховите ќе ги интерпретира актерот Ивица Цонев.
Програмата ќе ја води Марина Димовска. Специјални гости на настанот ќе бидат учениците на годинешната 54. летна школа на Mеѓународниот семинар за македонски јазик, литeратура и култура.
Вечерва со почеток во 22:00 часот, во тремот на црквата „Успение на Св. Богородица“ во с. Велестово ќе биде отворена и изложбата „Татко и син Упевче (мозаици и цркви)“ на академските уметници Славко и Никола Упевче од Охрид. Со оваа изложба се прославува 30-годишнината од отворањето на нивното ателје во Охрид.
На 21 август од 18:00 часот во кафе и бар „Шила“ во Охрид ќе се одржи интернационалното поетско читање. Тогаш со видеопроекција ќе се претстават Кристин Омарсдотир и Сигурбјорг Трастардотир од Исланд, Надија Реброња од Србија и македонскиот поет Андреј Ал-Асади.
На 22 август од 18:00 часот ќе се одржи настанот „Поезија Залез“ во селото Велестово. На овој настан планирано е да настапат домашните поети: Долорес Атанасова ‒ Лори, Сашо Огненовски, Ивана Јовановска, Андреј Ал-Асади и Надија Реброња од Србија.
Настаните ќе бидат организирани согласно протоколите и препораките. Манифестацијата е поддржана од Општина Охрид и Министерството за култура.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.