Понекогаш доцнам љубов моја,
доцнам со постапки,
со нежности и со љубов.
Доцна ја разбирам вредноста твоја.
Доцна ја чуствувам тежината
на твоите зборови и моите постапки.
Доцна ти давам придавка ‘Моја’.
И сѐ некако лутам низ животот
барајќи нешто додека ти си ми пред нос.
Кога ти си на дното ја те барам во висините.
Кога ти си над мене јас те барам помеѓу камењата.
И никако да се погодиме,
затоа што јас секогаш доцнам љубов моја.
Но ти си брза, брза како молња.
Кај тебе животот мора да е сега.
Сега да се каже сѐ, за утрото да не ги избрише
чувствата што се наталожиле.
Брзо доаѓаш и толку брзо си заминуваш,
оставајќи ме со недокажани зборови,
со срце кое заборава како да чука.
И како воздухот си, секогаш присутна,
но во следен момент се борам за здив,
исчезнуваш и ми ги празниш сите капилари.
Ти си насекаде, а сепак те нема.
Како сокриена во некоја пештера
си го јадеш своето срце
и моето што е останато кај тебе.
Час ме љубиш, час љубовта ја земаш како закана
дека ќе умрам сам, копнеејќи по тебе.
Мојот часовник додека доцни,
а твојот е напред сепак некако се спојуваме.
Судбината игра детска игра наивна и љубовна.
Па се спојуваме и се љубиме,
а во следен миг да се изгубиме.
Ти во твоите мисли за мене,
си создаваш болка во секој атом.
Јас во моите мисли за тебе,
создавајќи си брз себе болни рани под кожава.
Сокриени од народот некаде блиску до душава.
И дури печат и ти бегаш
јас само копнеам да те создадам рај
за да останеш тука засекогаш, мирна и кротка.
И моја
Јелена Ѓиноска