Skip to content

Тајната на ирисот

Патеката се расплете со цвеќиња кога се сретнавме. Тоа утро немаше сонце. Но, разнобојни беа мирисите кои се појавија од земјата. Мирисаа на утринскиот дождец кој наврнал без да нѐ разбуди. Но, сега сфаќам дека беше сон. Нашата средба беше патека која води во бескрај, во соништата.

Не помислував дека некогаш ќе те сретнам. Посебно не во соништата. Но сигурно и ти ме сонуваше таа ноќ. Ја сонуваше истата патека по која јас чекорев и каде се расцутеа малите ириси. Мали бели ириси со кои ми кажуваше некоја тајна порака. Ми кажуваше колку е чиста твојата љубов. Безусловна, љубов која ја надминува смртта.

Љубов која ја надминува сегашноста , љубов која постои во иднината. Љубов ангелска, позлатена со капки дожд од златниот киптар на ангелите.

Се разминавме без да си кажеме ниту збор. Така е тоа во соништата. Тие се поврзаност со другиот свет каде погледот е зборот, каде мирисот е вкус, каде цветот е симбол на љубов која никогаш не умира, никогаш не венее, навлегува во споените души и прегу прагот на смртта.

Напишете коментар