Skip to content

Покриви – Гого Ивановски

Стојам на ридот и гледам високо над градските покриви,
едно море од керамиди ги скаменило долу своите бои,
црвени, жолти, поцрнети керамидите го сокриваат
градот далечен таму што покорно окован стои.
А овде е сѐ поинаку поставено од делничноста,
и нешто друго ви иде овде да направите –
чудно: луѓето толку пееле славејќи ја безграничноста,
а секогаш кревале само покриви над главите.

Напишете коментар