Skip to content

„Струшки вечери на поезијата“ за 2021 година ќе започнат во четврток и ќе траат до понеделник

Најголемата поетска манифестација кај нас „Струшки вечери на поезијата“  ќе се одржи од 26-ти до 30-ти август. Странските поети кои нема да присуствуваат ќе се обратат преку видео читање. Специјално видео обраќање како и видео читање ќе има британската поетеса Керол Ен Дафи (годинешниот лауреат). Таа го најавила своето физичко присуство на следното издание во 2022 година.

Минатогодишниот лауреат Амир Ор кој беше најавен како специјален гостин поради  оправдани причини бил принуден да го одложи своето физичко присуство за следното издание. Програмата на фестивалот ќе ги задржи препознатливите програмски содржини, повеќе од 30 домашни и странски поети ќе учествуваат на главните фестивалски читања.

Во продолжение е годинешната програма

Четврток, 26.08.2021

18:00 Изложба 60 Години Струшки вечери на поезијата

НУ ЦК Летна Сцена

20:30 Официјално отворање на Струшки вечери на поезијата 2021 година

Летна тераса, Хотел „Дрим“

21:00 „Поетски меридијани” – Меѓународно поетско читање

Летна тераса, Хотел „Дрим“

Петок, 27.08.2021

10:00 Портрет на Ива Дамјановски, добитникот на наградата „Браќа Миладиновци” за 2020 година

Конгресна сала, Хотел „Дрим“

11:00 Поетско читање на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2021 година

Конгресна сала, Хотел „Дрим“

12:00 Поетска работилница со Звонко Карановиќ

Конгресна сала, Хотел „Дрим“

18:00 „Поетско кафе“ – Средба со издавачи, агенти и професионални посетители – Версополис

Конгресна сала, Хотел „Дрим“

20:30 Поетски портрети – Керол Ен Дафи

НУ ЦК Летна Сцена

21:30 Поетски портрети – Владан Кречковиќ

НУ ЦК Летна Сцена

22:30 Ноќ на Версополис

НУ ЦК Летна Сцена

00:00 „Ноќи без интерпункција“

НУ ЦК Летна Сцена

Сабота, 28.08.2021

10:00 Портрет на Анте Поповски, 90 години од раѓање

Конгресна сала, Хотел „Дрим“

11:00 Меѓународно поетско читање „Кругови“

Конгресна сала, Хотел „Дрим“

12:00 Доделување на наградата „Стојан Христов” за најдобра поетска книга од поет од дијаспората за 2021 г.

Конгресна сала, Хотел „Дрим“

18:00 In memoriam: Богомил Ѓузел

Конгресна сала, Хотел „Дрим“

20:30 Промоција на „Поетско соѕвездие“ во чест на Георги Старделов

НУ ЦК Летна Сцена

21:30 Претставување на добитникот на наградата „Браќа Миладиновци” за 2021 година

НУ ЦК Летна Сцена

22:30 Музичко Чествување на Блаже Конески

НУ ЦК Летна Сцена

00:00 „Ноќ без интерпункција“

НУ ЦК Летна Сцена

Недела, 29.08.2021

10:30 Посета на Вевчани и Вевчански извори12:30 „Матине”, меѓународно поетско читање

Вевчански извори

19:00 Промоција на монографско издание за Блаже Конески

Летна тераса, Хотел „Дрим“

20:30 „Мостови”, меѓународно поетско читање и врачување на наградитe, „Браќа Миладиновци” и „Мостови на Струга”

Летна тераса, Хотел „Дрим“

Понеделник, 30.08.2021

21:30 Меѓународно поетско читање

Музеј на современа уметност во Скопје

Напишете коментар