Skip to content

Мултимедијален фестивал во Прилеп: Цело е кога се има 30

Деновиве во Прилеп се одржува мултимедијалниот фестивал Цело е кога се има 30. Во организација на театарот Чин 4 Сцена 5, а програмски осмислен од програмскиот менаџер Звонко Димоски, овој фестивал им ја доловува уметноста и културата на прилепчани на еден несекојдневен начин.

Организаторите веќе неколку години наназад активно работат не само на популаризација на културата, активирањето на културните заедници во регионот и градењето на нови публики и навики, туку и врз реактуализацијата на културата и културно-историското наследство, користејќи нови медиуми, моредни уметнички изрази и сл.

Сметаат дека реактуализацијата на наследството треба да биде еден од клучните моменти во активното работење на културните работници. Токму фестивалите како овој допринесуваат за повторна популаризација на дела, настани, ликови. Ваквкиот начин на нивното претставување допринесува многу „досадни“ теми да се направат атрактивни за помладата популација.

До сега прилепчани уживаа во украсување на македонска поезија, во вариете вечер и во гратска игранка. Дел од настаните кои претстојат се: Мултимедијална изложба „30 години независност“, настапи на „Тhe Dreamers“ и „Тhe Hound“, а фестивалот на 5-ти септември ќе го затворат „Суперхикс“. Покрај во Прилеп, дел од програмата од фестивалот се одржува и во Крушево.

На прашањето „Дали организаторите планираат овој фестивал да прерасне во традиција?“, тие велат: „Секако дека ќе направиме обиди фестивалот да продолжи и да стане традиционален. Формата и начинот на работа би останеле исти, односно реактуализацијата како една од доминантните теми, единствено би се менувала инспиративната тема за ангажираните уметници.“

Искрено се надеваме дека вакви фестивали ќе се организираат почесто бидејќи ја доближуваат културата и уметноста до публиката на еден поинаков и современ начин и ја прават разбирлива за сите. Тимот на Крајбрежје искрено се надева дека “Цело е кога се има 30“ ќе прерасне во традиција, а на организаторите им посакуваме успешен фестивал и уште многу вакви проекти во иднина.

Напишете коментар