Skip to content

Лоша среќа – Шарл Бодлер

Бестрашноста твоја е најважен услов,
Сизифе, товаров да се крене тежок!
Макар што сме во огнот на трудот жежок,
Уметноста е долга, Времето – кусо.

Далеку од гробници на луѓе славни,
моето срце оди кон гробто скриен
и небаре придушен барабан бие,
без да запре, погребни маршеви бавни.

– Многу бесцени камења тука спијат,
во мракот и во заборавот се кријат,
и не ги откопува никаков копач;

преполн жалење не еден цвет го шири
својот благ – како бескрајна тајна – мирис,
во таа осаменост – длабока пропаст.

Напишете коментар