Еден невработен човек се пријвил на конкурс во Мајкрософт за работна позиција “чистач на купатила“. Директорот за човечки ресурси го примил на разговор и после краткиот тест му рекол: „Примени се. Оставете ми го вашиот емаил за да можам да ви го испратам договорот и списокот со вашите должности“.
Човекот збунет, одговорил дека нема компјутер, а со тоа ни емаил. Директорот на тоа одговорил: „Епа тогаш, жалам, но ако немате емаил значи дека виртуелно не ни постоите, значи не можам да ве примам…“
Очаен, сиромавиот излегол од седиштето на Мајкрософт без идеја што би можел да работи и со само десет долари во џебот. Тргнал кон супермаркет и таму купил гајба со десет килограми јагоди. За краток период ги продал сите јагоди на парче одејќи од врата до врата и до пладне го дуплирал почетниот капитал.
Изненаден и со ентузијзам го повторил истото три пати и се вратил дома со шеесет долари. Брзо сфатил дека тој систем му овозможил да преживее па почнал континуирано да го применува. Излегувал рано наутро, а дома се враќал касно навечер.
Работејќи на тој начин, секојдневно го зголемувал капиталот. За краток период купил рачна количка за да може да го зголеми обемот на работата, а подоцна го заменил со едно камионче. Во рок од една година станал сопственик на мала флота сопствени моторни возила. За пет години бил сопственик на една од најголемите мрежи за дистрибуција на намирници во САД.
Мислејќи на иднината на своето семејство одлучил да го осигура својот живот. Повикал брокер за да ја потпише осигурителната полиса. Брокерот на крајот од разговорот го прашал за неговиот емааил за да му ипрати примерок од осигурувањето. Јунакот на оваа приказна му рекол дека нема емаил.
„Баш чудно“, прокоментирал брокерот. „Немате емаил, а сте успеале да направите империја. А замислете каде би биле да го немавте!“. Човекот се замислил, па одговорил: „…во Мајкрософот, чистејќи тоалетни школки!“.
Прочитајте ја и приказната за вистинското богатство во животот.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.