Не ми е до пишување.
Корнат умот јадови темни,
Не, не ми е ни до тагување
ниту до стихови вечни.
Нека ми простат Емили
и Тенисон и Розети,
не ми е ни до љубов,
ни до песни и поеми.
Не ми е до пишување,
ни до живеење,
ни до издишување,
Не ми е до ништо
ама перо не прашува,
Туку само оди до раката,
Само исцртува судбини,
светови, стихови љубовни.
“Не ми е до пишување” – Реков,
Па зедов и го опишав светов.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.