Осамна уште еден ден. Се ми се чини дека никогаш не сум те сретнала, или можеби само во соништата. Ти беше дел од еден друг живот кога Сонцето грееше високо на зенитот. Полињата со камилица беа полни цветови кои ги беревме наутро за да пиеме чај во пладневните чаенки со разбушавени коси и немирни погледи , со муабети без почеток и крај, со палачинки со мармелад од јагоди и најважно од се, чајот беше преточен во љубов.
Се ми се чини дека само таквиот чај се пие за да се опорави душата. За да се прочисти грлото, да се прочисти умот, за да се извадат сите црнила од душата кои чмаат таму со векови. Само ти знаеше да го насладиш со мирис на ванила и цимет и да, ти само знаеше колку ја сакам ванилата, колку уживам во малите нешта во животот. Затоа и денес толку многу ја сакам ванилата. Ја мирисам насекаде, и да, не знам дали знаеш но секое утро се будам со тој мирис. Тоа значи дека те сретнувам секое утро, иако можеби никогаш не сум те сретнала, или можеби само во соништата.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.