Skip to content

Заоѓам – А. Лефкоска

Заоѓам,
Се губам и повторно се пронаоѓам
во тие тишини донесени,
во тие делчиња закрпени,
во тие зборови однесени,
во тие чекори заминати,
па празнина останата,
Лице на жена во времето застаната.
Заоѓам,
Те губам, те наоѓам,
Со пенкало те запирам,
Што не сакам себе,
тебе ти признавам.
Заоѓам ама тука сум,
во домот за’рѓан
со срце што се радува,
зошто и да нема –
има инспирација.

Напишете коментар