Skip to content

Одговор – Маја Малиновска

Дали си само ти отсјајот на моите желби?
На колку прашања не постојат одговори
На колку постојат одговорени неодговори
На колку неодговорени одговори.
Призмата на знаењето секогаш
Различни одговори крие
Одговори кои одат напред се враќаат назад
Одговори кои постојат само овде и сега
Одговори кои низ временска дупка се влечат
Не стареат
Се подмладуваат на
Секоја нова идеја
На секој светол момент кој
Трепери во црно белата светлина.
Ти си мојот отсјај.

Напишете коментар