Во текот на едно истражување, еден морски биолог спроведувал експеримент. Тој поставил една ајкула во огромен базен во кој одвреме-навреме биле пуштани помали риби. Како што се очекувало, ајкулата за многу кратко време ќе допливала до нив и ќе ги изедела.
Во следниот чекор од експериментот, биологот поставил огромно, фиберглас стакло, делејќи го базенот на две половини Потоа, биологот повторно пуштил неколку помали риби да пливаат, така што ајкулата била на едната страна на стаклото, а рибите на другата. Повторно, како што се очекувало, ајкулата се обидела да доплива до рибите и да ги изеде, но наместо тоа, таа многу силно се удрила во стаклото. Несвесна зошто се случува тоа, таа долго се обидувала да дојде до рибите, но секогаш удирала во стаклото, па после неколку часа конечно се откажала.
Биологот го повторувал овој експеримент многу пати во текот на следните неколку недели. Секој нареден пат, ајкулата со сè помала агресивност ги напаѓала рибите, сè додека на крајот не се уморила од удирање во стаклото и целосно престанала да се обидува да дојде до нив. Тогаш, биологот решил да го извади стаклото и да види што ќе се случи откако повторно ќе пушти помали риби во базенот. Поради досегашното лошо искуство, ајкулата овој пат не ги нападнала рибите. Мислејќи дека сè уште постои некаква бариера која ја спречува да дојде до нив, ајкулата воопшто не ни тргнала кон рибите, оставајќи ги слободно да си пливаат во водата.
Истото се случува и кај луѓето штом ќе се соочат со неуспех, губат мотивација, амбиција и самодоверба и мислат дека секогаш, при секој обид ќе стои некаква бариера, но забораваат дека неуспехот е само скалило, шанса за почеток одново.
Прочитајте ја и приказната за спасената морска ѕвезда.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.