Гијом Аполинер (Рим, 26 август 1880 – Париз, 9 ноември 1918) – француски поет, драмски и писател на кратки раскази, романописец и уметнички критичар. Насловот ја сместува песната во одреден временски период. Објавувањето на оваа песна во мај 1902 година го покажува биографскиот карактер на песната. Авторот сакал да ја опее неговата невозвратена љубов кон Ени Плејден.
Мај, во овој убав мај на едно бротче на Рајна
Девојки ме гледаа од врвот на планината
Ох колку сте убави, но бродот плови во далечината
Зошто ли плачат крајбрежните врби зарем ќе остане тајна?
Или можеби, цветните овоштарници овиснати
Паднатите ливчиња од мајските цреши сочни
Се на мојата поранешна љубов нокти
А исушените ливчиња се слични на нејзините капаци очни
На патот кон реката лека
Цигани носат мајмун, мачка, мало куче
А магаре едно малечка кола влече
Додека талкаат низ лозовите насади покрај Рајна
Војнички удар во далечина пука.
Мај, убавиот мај урнатините ги краси
Со бршлени и диви ружи
Ветерот од Рајна ги тресе трските на брегот
Звукот на трскот и голи лисја винова лоза во тишина се гласи.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.