Без тебе – Ирена Белешковска

Како последниот Мохиканец
талкам по светлината од сивиот град
да зграпчам грст од пурпурниот залез
и на лепеза од крилја на пеперутка
да ја вгнездам за утре да ме разбуди.
Да ми светне со размислата за тебе
и в срце надеж да ми разбуди,
а јас феникс ќе се сторам
и во сонот ќе прозборам:
– Не венее цвет без вода, ами без љубов!
Како јас без тебе.

Ирена Белешковска

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!