Skip to content

Приказна за Мравката (лекција од современиот менаџмент)

Еднаш не многу одамна живеела среќна и вредна Мравка, која секој ден доаѓала прва на работа. Била вредна, весела, среќна додека работела. Пеела весели песни, а резултатите од нејзината работа биле одлични. Слушајќи ја песната на Мравката, господин Стршлен, директорот на фирмата заклучил дека Мравката премногу се забавува, а премалку работи бидејќи нема вистинска насока и шеф кој би ја контролирал.

Затоа го вработил Бумбарот кој имал големо искуство со раководење. Првата грижа на Бумбарот била да организира евиденција на доаѓањето и заминувањето на мравката на работа (односно од работа). Во таа цел се воспоставил систем на документи за прием и заминување. Со текот на времето бројот на документи се зголемувал и поради зголемениот обем на работа околу папирологијата морало да вработат некој кој би ги подготвувал хартиите и извештаите.

Го запослиле Пајкот кој веднаш воспоставил систем на архивирање и станал одговорен за преземање на телефонските повици. А мравката? Таа и понатаму работела како и претходно. Извештаите кои ги доставувала Бубамарата биле извонредни. Директорот Стршлен бил воодушевен од извештаите кои ги добивал од Бубамарата и наскоро почнал да бара: споредни студии со графикони, анализи на трендови за равој итн.

За да се задоволи барањето на директорот било неопходно да се вработи Хрчакот кој бил директна помош на директорот. Нему веднаш му купиле нов компјутер со печатач. Среќната и ведра мравка и понатаму работела како и претходно. Единствена жалба била дека ѝ е потребен некој компјутер за да ѝ биде полесно, но не ѝ го одобриле барањето.

Ова било првпат Мравката да се пожали за нешто и директорот Стршлен веднаш сфатил дека е потребно да реагира најитно. Создал ново работно место за шеф на службата кој би ја надгледувал среќната и вредна Мравка. На новото работно место го запослил Штурецот. Тој веднаш по своето доаѓање го заменил целокупниот мебел во својата канцеларија и на барање добил ергономски обликувана столица и нов лаптоп со рамен ЛЦД екран.

Бројот на компјутери пораснал и морало да се купи и инсталира мрежен серевер. Новиот шеф на службата сфатил дека итно му треба помошник (кој бил негов помошник во претходната фирма). Така ја запослил и Дрвеницата. Во исто време Мравката била сѐ помалку среќна и помалку продуктивна. Повторно барала компјутер и повторно не добила.

Ситуацијата со Мравката го загрижила Штурецот и тој заклучил дека мора да порача студија за задоволството на вработените во фирмата. Го запознал тимот на директори, Стршленот кој го разбрал објаснувањето на Штурецот и го одобрил ангажирањето на агенција за таа потреба. Било спроведено скапото истражување, а Штурецот почнал да применува предложени мотивациони методи. Секаде закачувал мотивациони говори. Ги водел Бубамарата, Пајакот, Хрчакот и Дрвеницата на мотивациони тренинзи во познати летувалишта итн.

Мравката и понатаму работела, но неволно. Ги читала мотивационите пораки на плакатите и никако не можела да ги најде надредените кога ѝ биле потребни. Едноставно или не биле тука или немале време за нејзе. Така поминувало времето. Директорот Стршлен и понатаму редовно ги добивал своите совршени извештаи, но тие почнале да покажуваат дека фирмата не е повеќе рентабилна како претходно.

Тоа го загрижило многу и почнал да реагира. Изнајмил квалитетен консултант, господинот Був. Задачата на Бувот била да направи целосна анализа на организацијата и делување на фирмата, па да предложи решение за таа да делува продуктивно. После три месеци, господинот Був на директорот му го предал следниот извештај: „Во фирмата има премногу вработени!“. Директорот Стршлен воодушевено ја прифатил експертската анализа и веднаш ја отпуштил: Мравката.

Непознат автор

Наравооучение: Никогаш немој да бидеш среќна и вредна Мравка. За жал целата приказна е втемелена на универзитетски научни истражувања кои покажуваат дека повеќето луѓе тежнеат кон паразитски живот.

Прочитајте ја и приказната за мајумините или како се креира политика во една компанија.

Напишете коментар