Осум планети
весело си кружат,
околу Сонцето
секој ден се дружат.
Ако сакаш
и ти да ги видиш
со вселенски брод
треба да се движиш.
Најблиску до Сонцето е
планетата Меркур,
а по неа, Венера,
тоа го знае секој.
Трета по ред е планетата
Земја – домот убав наш,
а на четврто место
кружи планетата Марс.
Најголемата од сите,
и петта по ред –
е планетата со
име – Јупитер!
По Јупитер,
Сатурн е, знај,
но за Сoнчевиот систем
тоа не е крај.
Уран е следна,
на патеката број седум.
А Нептун е осма,
на последното место.
Осум планети
околу Сонцето се дружат,
ајде сега кажи ти
по кој ред си кружат!
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.