Не постои личност која барем еднаш не рекла дека ноќта е прекрасно време. Ноќта е неверојатно шармантна. Од најстари времиња луѓето ја опишуваат ноќта како доба за размислување, за романтика, за создавање нови дела, за љубов. Ноќта е време на љубовниците и на музите, а ние избравме 15 цитати за ноќта. Изберете го вашиот омилен.
1. „Сè има свој залез на сонцето. Само ноќта завршува со зора.“ – Владислав Гржегорчик
2. „Ниту една знаност, ниту една уметност не можат да ни го донесат она што темнината го носи со себе.“ – Лев Шестов
3. „Никој не може да биде ограничен во текот на денот заради она што се случило ноќта.“ – Сали Станфорд
4. „Незнаето е ноќ на умот. Ноќ без Месечина и ѕвезди.“ – Марк Тулиј Цицеро
5. „Да нема сонце, нема да знаеме дека е ноќ.“ – Хераклит
6. „Некогаш ноќта е премногу темна за да се забележи.“ – Станислав Е. Летс
7. „Ноќта не е црна како луѓето.“ – Хуго Виктор Марие
8. „Ноќта, па дури и виното, не дозволуваат да ѝ се суди на убавината. Ноќта ги крие недостатоците и не дозволува да се измислат негативности. Ноќта ја прави секоја жена убава.“ – Публије Овидије Назон
9. „Љубов преку ден за доблести, а ноќе – за пороци“. – Тадеуш Гицгер
10. „Ноќта е време за чекање, можност некому да кажеш „Врати се!“. Но немаш кому да му кажеш.“ – Мерлин Монро
11. „Веројатно треба да ја чекаме ноќта. Знаете, од детството ми се мота низ глава тоа дека сите најинтересни работи се случуваат ноќе.“ – Макс Пржити
12. „Љубовниците го бараат прикривањето на ноќта. Осамените ја бараат светлоста на денот.“ – непознат автор
13. „Денот е време на окови и ланци, должности и правила. Ноќта е време на слободата.“ – Сергеј Лукјаненко
Прочитајте ги овие цитати за страста.
Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно романтична.