Не смеев да те засакам

Се колнев дека не смеам да те заскам.
Ама ај кажи му на срцето што смее, што не смее.
Ај, дојди, шепни му да не те мисли,
да не те мечтае.
Се колнев дека нема да те засакам.
Знаев дека не смеам да те сакам.
Ама ај кажи ми дека не треба да те сакам.
Речи ми лош дека си,
дека сто пати си полош од сите,
дека сто пати подобар заслужувам,
дека не вреди да се борам со тебе,
оти на крајот пак по твое ќе испадни.
И кажи ми дека да те сакам не смеам
оти ти не знаеш да сакаш,
од стотици, јас пак тебе ќе те изберам.
Јас пак само тебе ќе те засакам.
Оти љубовта не се бира со паметот,
ами со срцето,
со оној внатрешен глас што нешто убаво
за некого ти шепоти.
Не смеев.
Знам дека не смеев.
Се колнев дека нема да те засакам.
Проклето нека е.
Те засакав толку многу,
што светот не можам да го замислам без тебе.
Те засакав толку многу,
што не знам дали воопшто би сакала ако не си ти.
Те засакав толку многу,
што мислам дека ќе полудам.
Ќе полудам и со тебе.
Ќе полудам и од тебе.
Ќе полудам и без тебе.
Ете толку многу те засакав.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!