Се перчи како нагиздена љубовница која се огледува во огледало
Но може да го види само Сонцето
Тоа е нејзиното срце, нејзината вечна љубов
Се издигнува кон светлината, но не и кон месечината
Бара бесмртност во далечината.
Жолт е чиниш се прелеале сончеви зраци, но душата му е црна
Јаглен прегорен од јад , жолт јад
Кој пружа раце, илјадници раце кон небесата
Јагленот го испушта да согори
во душите на топлокврниците
ги согорува, ги пржи
жолто внимание, жолто вознемирение,
но и сила за преживување.
Зарем само југот е жолт,
Останува да биде тоа мистерија на изгрејсонцето.
И твоја, нечујна , неоткриена мистерија
Како успеваш да јаглисаш срце со црно Сонце
кажи ми Сончогледе?
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.