Еден човек на возраст од осумедесеттина години, со мала градба, горд и витален секое утро во осум часот бил целосно облечен со модерна фризура и совршено избричан иако речиси сосема слеп, се доселил во дом за стари лица. Неговата седумдесетгодишна жена починала неодамна и тоа преселување во домот било неопходно. После многу часови трпеливо чекање во ходникот, пријатно се насмевнал кога му рекле дека собата му е подготвена.
Додека управувал со својот бастун за одење болничката сестра му ја опишала неговата мала соба вклучувајќи ги и ролетните кои биле на прозорот.
„Ми се допаѓа“, рекол со ентузијазам стариот човек.
„Господине Џонс, вие сѐ уште не сте ја виделе собата, почекајте уште малку“, рекла болничарката.
„Тоа нема никаква врска со ова“, одговорил. „Среќата е нешто за кое одлучувате однапред. Дали ќе ми се допаѓа собата не зависи од распоредот на мебелот туку како јас ги распоредувам своите мисли…Веќе одлучив дека ќе ми се допаѓа. Тоа е одлука која ја донесувам секое утро кога ќе се разбудам. Јас имам избор. Можам целиот ден да го поминам во кревет броејќи ги тешкотиите кои ги имам со деловите од телото кои не фунцкионираат или да станам од кревет среќен за тие кои ме служат сѐ уште.
Секој ден е подарок и додека очите ми се отворени ќе мислам на новиот ден и на сите среќни спомени кои ги зачував. Токму за овој животен период. Староста е како банкарска сметка. Од неа го подигнувате она коешто сте го вложиле. Мој совет е да вложите многу среќа во банката со спомени! Ви благодарам за вашето учество во банката со сеќавања. Јас сѐ уште вложувам во неа!“, рекол среќниот и благодарен старец.
Прочитајте ја и зен приказната за ливчињата што паѓаат.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.