Тоа лице на љубовта опасно и нежно – Жак Превер
Тоа лице на љубовта
 опасно и нежно
 една вечер ми се јави
 по мошне долгиот ден
 Можеби стрелец беше
 со лак и стрела
 ил свирач сам
 со харфа смела
 Веќе не знам
 знам само
 дека ме рани
 можеби со стрела
 или со песна
 знам само
 дека ме рани
 засекогаш ме рани
 и до срцево крв ми тече
 И врела премногу врела
 рана љубовна ме пече
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.

