Далеку од среќа – Јована Анастасијевска

Последна зора пред ноќта за нас
Се назира полека крајот,
студените ноќите низ кои
се спушта полумесечината
и последниот стих напишан.

Се будам сама горчлив е
и овој вкус на слободата
опиена од сета тага,
пред мене бледо расфрлани карти
од валканата сага.

Во љубовта водевме војна
а во ноќите длабоко баравме мир
Ти не беше доволно искрен,
Јас не бев доволно мирна.

Далеку од тебе
знам што е тага,
далеку од тебе добро го знам
тоа чувство на недостиг
далеку од тебе
со тебе го научив.

Премногу тајни сокриени
некаде меѓу тишините
ништо не откривме освен лагите,
во игрите немавме граници,
ги потрошивме сите асови под ракавот.

Но, животот не е игра,
Бевме премногу слаби
за оваа прејака љубов.

Кажи ми што е среќа?
Дали во очите ја гледаш?

Знам во оваа игра
не пронајдовме  среќа
и далеку сме од неа.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!