Страхувај се од оние
што преку лице восочно
ти нудат букет нежности.
Во него цути студ и погибел.
Страхувај се од оние
што преку подбив зол
човечките илузии ги плукаат
и ги презираат.
Страхувај се од оние
што не веруваат во ништо
а исто и од ние што можат
да поверуваат во сѐ.
Страхувај се од себеси
кога си дребнав и малодушен
и кога смело газиш
по работ на самоизмамата.
Страхувај се од оние
што почесто и многу те поткреваат,
зашто е мошне незгодно
главечки кога се паѓа.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.