Што останува после надежта?
Остануваат спомените,
твоите воздишки на мојот врат,
допирите твои кои уште ги чувствувам
и парчиња од мене некаде меѓу прстите твои.
Останува некое лудило
што вечно ќе ме влече кон тебе,
остануваат илјадници “Што ако?”,
стотици желби неостварени,
десетици зборови проголтани,
недоречени,
никогаш неизговорени.
Остануваат безброј стихови ненапишани,
празни ветувања дека косата ќе ми се плетка
низ прстите твои,
а знам дека нема.
Што останува после надежда?
Остануваш ти.
Далечен.
Туѓ.
А пак некако мој.
Останувам јас.
Во туѓи прекатки.
Демек среќна.
А навек твоја.
Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно романтична.