Реалноста, велат сива, сурова темна била.
Како долг тунел, без зрак светлина.
Мачна, болна, студена како брегот речен.
Наивна, ранлива, лесна како пердув.
Брза, лута, разнесува сè пред себе, но каде?
Прегазува, надвладува, до кога ли?
Урива, разбранува, уште колку ли?
Се крие вешто со денови, но кај кого ли?
Со неа и денот, слушам во ноќ се претвора.
И белинава, во црнило се обојува.
И насмевките, во солзи се преточуваат.
И среќата, со тагата се заменува.
Подај ѝ рака, дури двете ќе ти ги земе.
Сослушај ја за совет, вечно ќе се каеш.
Побарај помош, вечен должник ќе си ѝ.
Одбегни ја на патот, силно ќе те прогони.
Разумна персона се оддалечува од неа,
Живее секој ден, ко таа да не е тука.
Го создава, го гради она посакуваното,
Го живее сонот, од сон во јаве да премине.
Разбудете го детето во себеси и замислете,
Тивка ноќ, блескави ѕвезди,
Сјајна месечина, бела перница
и вашата глава на неа.
А вие – волшебникот, вон оваа наша зона,
Творите, патувате кон бесконечноста.
Фантазија во мала мера е вашиот нов мотив.
Колку прекрасно звучи, нели?
Фантастични дејства, фантастични ликови,
Измислени приказни, посакувани работи
Се новата единица мерка за вашиот
живот да го најде вистинскиот пат.
Искрадете се барем малку
од оваа проклета ралност.
Секојдневно будете се од својот сон и живејте го!
Излезете од реалните морски бранови,
Од ова светско бунило и најдете ја новата цел.
Време е да ги потполните старите ископини.
Сите ерупции да ги сопрете,
Границите да ги прерипнете,
Мразот да го скршите.
Старите рани да ги испарате,
Нови дела на тие места да сошиете.
Кормилото во рака, а едрата во вис!
Драги морнари, долг пат ве чека!
Испловете до нови недопрени места,
Каде фантазијата со реалноста е сменета,
Каде апстрактното го победува конкретното
Каде мракот умира и светлината се раѓа.
Оваа магија навистина треба да потрае…
Добредојдовте во светот на фантазијата!
Секој ваш сон има шанса да е и ваш живот!
Фантазирај, сонувај, мечтај!