Секој сам е – Анте Поповски

Има една песна што уште никој не ја чул,
има една песна што уште никој не ја знае,
тиха, црна, морничава…

Има една песна што уште никој не ја испеал
но еднаш сите ние секој сами ќе си ја испееме
секој сами ќе си се – отпееме…

Има една песна која уште никој не ја чул
зашто е тоа само твоја песна.

Книгите недочитани,
соништата недосонувани –
тоа ли беше животот?

Секој со своето врзопче време
нагоре-надолу, натаму-наваму,
сè дури не се пресоздадовме себеси
во саркофаг зборови,
во една бела тишина…

Книгите недочитани,
соништата недосонувани,
тоа ли беше животот?

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!