Заштита

Божја рака, човечки збор

Мил поглед, небесен знак,

Не штити некој непрепознатлив траг

Ангелски дух , мајчински благослов драг

Нечујно сетив помина покрај мојот праг

Тука си, знам божји и човечки лик

На мене можеби налик

Во срцево се вгнезди

Од грешни помисли ме сочува

Од човечки наезди.

Мир, тишина, човекољубие

Тоа се твоите совети

Никогаш славољубие,

Никогаш среброљубие,

Заштита  моја  од злобољубие.

 

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!