Skip to content

Тие што те познаваат – Марија Бакиевска

  • by

Ете тие што те познаваат
Што те знаат
Во мислите за тебе се одмараат
И во твојата убавина, причина наоѓаат!
Некои да продолжат
А пак некои да се одморат
Некои да не се откажат
А пак некои најдоброто да го остварат!

Прекрасна жено
Ете тие што те познаваат
Тие раскажуваат
За длабочината твоја потврдуваат
Дека доаѓаш како ветар во едрата
И не си заминуваш без печат на промената!

Во твојата појава се крие светот на победата!
И секој чекор поблиску до тебе,
се чувствува силата на посветата!

Ете тие што те познаваат
Тие што те запознаваат
Со импресија остануваат
Збунети одговараат
Во радоста се забораваат!

Како мали деца на сите им кажуваат
Што виделе
Што почувствувале
Кој прегрнале
Кој сретнале!
Убава жено
Ете тие што те познаваат
Што те знаат
Во срцата нивни твојата насмевка свети
Во душите нивни твојата среќа одѕвонува!
А твоето име е накит на пофалба!
Пријателството со тебе
Солзи брише
Рани преврзува

Скршени крилја подига
И празнината со љубов ја облекува
И секоја далечина со упорност ја зближува!
Тие книга пишуваат
Во редовите на твоето време живеат
И аритмијата на срцето со твојот глас ја продолжуваат!
Ете тие живеат
Постојат
Победуваат!

Посветено за…Радмила Неделковска

Напишете коментар