Кај што си ти – ми нема среќа,
сум темно жеден да те гледам,
сум горко морен да те следам.
О таа штура, штура близост!
Јас минам низ град, лутам в поле,
јас барам тивко и скришно место.
Но таму стои трепетлика
со молскав трепет на твојте плeќu,
пак пред тебе сум јас темно морен,
сум пред тебе – ми нема среќа.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.