Што живее во нас? – Поучна приказна

Еден ден еден стар пустиник го прашале: Како не ти е здодевно постојано да бидеш сам?“

“Имам многу што треба да ги направам.” Мирно одговорил тој. “Морам да тренирам два јастреби и два орли, да смирам два зајаци, да тренирам змија, да мотивирам магаре и да скротам лав.“

Повторно го прашале: “Но, ние не ги гледаме овие животни покрај вас. Каде се тие?“

“Ние ги носиме овие животни со нас. Двата јастреби скокаат на сè што гледаат – добро и лошо, корисно и штетно. Морам да ги научам да разликуваат.Toa  се моите очи. Два орли со канџи повредуваат и уништуваат сè што ќе допрат. Треба да ги научам да служат и да помагаат без да повредуваат. Toa се моите раце. Зајаците секогаш скокаат напред и назад, се плашат и се кријат. Треба да ги уверам и да ги научам како да се справат со тешки ситуации, а не да бегам од проблеми. Toa се моите нозе. Најтешкиот дел е змијата. Иако веројатно е заклучена во тесен кафез, таа секогаш е подготвена да нападне, гризе и отруе секој во близина. Затоа, морам да ја следам и да ја дисциплинирам.  Тоае мојот јазик.

И за крај: „Магарето, како што секој знае, е многу тврдоглаво, секогаш уморно и не сака да си ја работи својата работа. Тоа е моето тело. Конечно, морам да го скротам лавот кој сака да биде крал и да им заповеда на сите. Тој е горд, суетен и верува дека целиот свет треба да се врти околу него. Ова е моето его! Како што можете да видите, имам прилично многу работа!“

Прочитајте ја и приказната за Бог и воздухот

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!