Вљубена во твоето битие – Јелена Ѓиноска

Кога би ти кажала дека те љубам
Онака детски, мајчински и како девојка
Ти благо би се насмевнал
Со доза на неверување
Би се исправил како столб и би се повлекол
За да го заштитиш својот личен простор
Затоа што ти не сакаш да поверуваш
Не сакаш да дадеш надеж во мојата љубов
Не би се ослонувал на неа
Затоа што знаеш…

Знаеш длабоко во себе дека на таа љубов
ќе се ослониш кога ќе падне црна ноќ
И кога ќе огрее светло сонце
Ќе ја бараш
Ќе ти треба
Ќе копнееш по неа
И никогаш повеќе нема да бидеш сам
И тоа ќе биде тивко ветување за тебе
Дека конечно си го пронашол својот човек,
својот столб и вечно почивалиште во овој свет

Твојот дом и твојата прегратка
И сè она што љубов значи
Далечината е твојата заштита
Далечината е она што доза умност значи
А нели ти кажав
Љубовта со ум за рака не се води
Срцето ти се собира
Срцето ѕидини ти создава
Невидливи решетки од мене до тебе

Ако ти кажам дека ти си најубавото битие
кое моите очи го виделе
А моето срце го примиле
Ти исто нема да веруваш
Затоа што ти знаеш
Дека темнина носиш во себе
И би се чудел како некој научил
да се вљубува во неа
Да си игра со неа
Да ја сака повеќе од секоја светлина што ја носиш
Зошто во ноќта таа води војни со тебе
Во глувата ноќ ти војуваш сам со себе
Сè додека не се вселив јас
Па бидна до раните часови
не зборував сама со твоите демони
Ги дресирав и љубев како свои чеда

Па се навикнаа на мене и тие
Што ако ме нема?
Што ако наеднаш исчезнам
Дали ќе ме бараат и тие како што ме бараш ти ?
Дали ќе бидат уште повознемирени
и полоши од претходно?

Љуби
Љуби сега и љуби во моментот
Остави го утрото
да си ги донесе своите грижи и неприлики
Својата магија и радости
Умот со љубовта за рака не одат

Нели ти кажав…
Ниедна љубов не е иста
Ниеден пред и ниеден после
Нема да биде ти
И нема да бидам јас

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!