Сите сме биле ученици, но школувањето не завршува со завршување на образованието. Не е залудно речено дека “човек учи додека е жив“, а тој што прекинал да учи полека оди во регрес. По повод денот на учителите кој се одбележа вчера, денес ги споделуваме со вас најубавите мисли за учителите, учениците и подучувањето. Прочитајте ги во продолжение!
„Следните педесет години нема да биде важно кој автомобил го возите, во каква куќа живеете, колку пари имате во банка или каква облека носите. Но светот може да биде барем малку подобар ако одиграте важна улога во детскиот живот.“ – Непознат автор
„Ако кон поединецот се однесуваш како тој да е она што треба и што може да биде, тој ќе стане што треба и што може да биде.“ – Гете
„Јас сум само еден од многуте. Но јас сум само еден. Не можам да направам сè, но можам да направам нешто. Поради тоа што не можам да направам сè, нема да одбијам да го направам она што можам.“ – Е.Е. Хал
„Не е знаење да се знае туку тоа знаење да знаеш да го дадеш.“ – Народна поговорка
„Душата оздравува кога е со деца.“ – Достоевски
„Искуството е најдоброто училиште. Само школарината е прескапа.“ – Сократ
„Тој што ќе заврши со учењето, завршува со својот развој.“ – Руска поговорка
„Корењата на учењето се горки, но плодовите се слатки.“ – Аристотел
„Не го предава учителот она што сака, не го предава учителот она што го знае, учителот го предава она што е.“ – Непознат автор
„Наставата е многу полесна отколку воспитувањето. За наставата мора да се знае само нешто. За воспитување мора нешто да се биде.“ – А. Стифтер.
„Разговарај со момчето како да е возрасен човек па нема да погрешиш.“ – М. Матошец
„Децата кои ги уверуваме дека се лоши ќе веруваат дека тоа е навистина така, така и мора да се однесуваат, а потоа се чудиме зошто се такви кон нас.“ – П. Х.
„Идентификувајќи се со учителот или дистанцирајќи се од него, паралелката се дели според постигнатиот успех“ – Парсонс
„Онолку колку веруваме во можноста и вредноста на другиот, толку и напор во тоа вложуваме.“ – А.М
„Полесно е да му се вика на дете или да се удри наместо да му се помогне во планирање на делотворно однесување.“ – Р. А. С
„Да се бориш за нешто е многу благородно. Важно е притоа да се знае понекогаш да се признае пораз.“ – С. Х. К
„Никој што ќе добие ќотек поради лага на тој начин нема да научи да ја сака вистината.“ – Гете
„Најмногу што образованието може да му го понуди на детето во неговиот развој е да му помогне и да го насочи кон подрачјата кои му одговараат на неговата надареност. Каде што ќе биде задоволно и стручно.“ – Д. Големан
„Најголемата надеж на секоја земја лежи во примерно образование на младината.“ – Еразмо
„Најдобрите учители воедно се и најсложени: тие од ученикот бараат размислување.“ В. Г
„Ако учителот постојано користи исти стратегии, а ученикот е постојано неуспешен, кој од нив двајца всушност побавно учи?“ – Е. Јенсен
„Фантазијата е поважна од знаењето.“ – А. Ајнштајн
„Тој што сака да научи ќе најде начин, тој што нема да сака ќе најде изговор.“ – П. Пикасо
„За разлика од докторите на науки, селаните имаат повеќе знаење отколку стручна подготовка.“ – Д. Радовиќ
„Децата не го земаат во предвид животното искуство на своите родители, а нациите ја игнорираат историјата. Најтешките лекции секогаш мора одново да се учат.“ – А. Ајнштајн
„Човечкиот ум како и самиот универзум содржи семки од многу светови.“ – Л. Ајзели
„Поуката е едноставна, ученикот е сложен.“ – Б. Расп
„Науката ни ветува вистина. Никогаш не ветува мир и среќа.“ – Ле Бон
„Мојот авторитет се темели исклучиво на спознанието колку малку знам.“ – Сократ
„Учењето без размислување е празно, размислувањето без учење е опасно.“ – Лао Це
„Кој не знае, а не знае дека не знае, опасен е – избегнувајте го!
Кој не знае, а знае дека не знае, дете е – научете го!
Кој знае, а не знае дека знае, спие – разбудете го!
Кој знае и знае дека знае, мудар е – следете го!“ – Конфучиј
„Добро поучува оној кој добро разликува.“ – Латинска поговорка
„Кога ги подучуваме другите, и самите учиме.“ – Сенека
„Она што го слушам, го заборавам.
Она што го гледам, го запомнувам.
Она што го учам, го разбирам.“ – Зен поговорка
„Знаењето се множи со делење“. – Непознат автор
„Сите ние сме учители. Не е воопшто важно дали ќе подучуваме туку што ќе подучуваме.“ – Непознат автор
„Вашите учители се безброј – изразено добредојде и нанесена тага; секој настан и секоја околност се вашите учители.“ – Б.С
„Кога ученикот е подготвен, учителот се појавува насекаде.“ – Д. М
„Највозвишено подучување е живеењето со отворено срце.“ – Непознат автор
Прочитајте ги и следниве инспиративни цитати за ноќта.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.