Сакање – А. Лефкоска

Доаѓа време, долго по раѓање,
тело старее ама душа останува заглавена
во мигот кај што на парчиња распукала.
Доаѓа време, долго по раѓање,
човек се бори со монструмите во себе,
ги лиже ко куче лузните и се моли да заздрави
плачејќи им пред очи на слепи Богови.
Доаѓа време, долго по раѓање,
коса проседува, а одраз во огледало
од толку маски носење веќе не се ни погледнува.
Доаѓа време, долго по раѓање,
срцето на парчиња – се собира на раце
и се плаче навечер ко мало дете
за сите прилики и возови што поминале.
Доаѓа време, долго по раѓање
и сфаќаш, ќе лажат, сѐ ќе ти кажат,
ама ќе ти премолчат дека може да се умре од сакање.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!