Иако во секојдневието вечноста често означува безвременско постоење многумина овој поим го користат за да означат постоење надвор од времето. Постојат бројни дискусии за вечноста, а ние во продолжение споделуваме мисли и цитати за неа кажани од познати луѓе.
1. „Не викај дека нештата се минливи бидејќи секој од нашите моменти најавува вечност“ – Буда
2. „Тогаш да се сакаме! Нека вечноста биде мала: Љубов јас и ти!“ – Алфонсо де Ламартин
3. „Не биди премногу строг кон самиот себе. Прифати го она што си, прифати се самиот себе и едноставно служи ја. Служи од должност додека не бидеш во состојба да служиш од љубов – без врзување за резултати. И кога ќе бидеш расположен да поминеш стотици животи или цела вечност служејќи им на другите, тогаш веќе нема да биде потребно да го вежбаш патот, бидејќи ти ќе станеш Пат.“ – Дан Милман
4. „Јас создавам музика за да преживеам, а не за вечноста.“ – Јохан Себастијан Бах
5. „Вистинската љубов размислува за мигот и за вечноста, но никогаш за траењето.“ – Фридрих Ниче
6. „Она што го правиме во животот ќе одекнува во вечноста.“ – Гладијатор (филм)
7. „Сите ние сме семе и потомство на вечноста.“ – Б. Бјорнсон
8. „Убавина е животот кога животот ќе го скине велот од своето свето лице. Но, вие сте тој живот и вие сте тој вел. Убавината е вечност што се гледа во огледал. Но вие сте таа вечност и тоа огледало.“ – Калил Џибран
9. „Ако овој живот е кратко минување што трае само час или ден, зошто се бориме да го продолжиме за ден или час. Земскиот живот е лажлив, вечноста е подобра.“ – Меша Селимовиќ
10. „Можеме да ги промениме своите животи само во она делче од вечноста кое ни припаѓа сега. Ако во еден миг се поместиме од тоа сега, некој друг ќе одлучи.“ – Ричард Бах
Прочитајте ги и следниве инспиративни цитати за трпението.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.