Skip to content

Загорен леб (кратка поучна приказна)

Приказнава што ќе ја прочитате наводно ја раскажал поранешен индиски претседател како сеќавање од неговото детство. Еднаш неговата мајка за ручек им послужила загорен леб нему и на неговиот татко. И додека тој неволно гледал во лебот и размислувал дали да го јаде, неговиот татко зел едно парче и го изел во тишина.

После ручекот, мајката му се извинила на таткото дека послужила таков леб, а тој само рекол: „Драга, сè е во ред, јас го сакам и таков.“ Истата вечер пред спиење пошол кај татко му да му посака пријатна ноќ и го прашал дали навистина сака загорен леб.

„Загореното јадење не е најлошо што може да ни се случи. Загорениот леб не може никого да повреди, а ако приговарав јас ќе ја повредев твојата мајка. Би направил поголема штета. Зборовите остануваат длабоко врежани во умот и во срцето.“

Честопати во комуникацијата со своите блиски го занемаруваме начинот на кој тоа го правиме. Не ги бираме зборовите и не размислуваме премногу како тие ќе влијаат на луѓето кои ги слушаат. Понекогаш поважно е да се толерира случувањето и да се внимава на речникот и тонот на гласот бидејќи зборовите се моќни, а лошиот избор на зборови може да го влоши проблемот.

Прочитајте ја и сатиричната приказна за музејот кој не постои.

Напишете коментар