30 мисли за здравјето кои вреди да се прочитаат

Од мали нè учеа дека здравјето е најголемо богатство и наизуст ја знаевме изреката „Во здраво тело, здрав дух“. Колку се водиме според овие мисли во текот на живеењето? Дали здравјето ни е приоритет во денешниот брз начин на живот или го запоставуваме? Прочитајте што кажале за здравјето најголемите мислители низ вековите. Ги споделуваме нивните мисли во продолжение.

1. „Здравјето е најголемо богатство“. – Цицерон

2. „Желбата за здравје е половина здравје.“ – Сенека

3. „Здравјето влегува преку уста.“ – Народна поговорка

4. „Најдобри доктори на светот се доктор Диета, доктор Мир и доктор Радост.“ – Џонатан Сфивт

5. „Секој човек е творец на сопственото здравје или болест.“ – Буда

6. „Омразата му штети на здравјето.“ – Декарт

7. „Не сме свесни за најсоврешеното здравје како што сме свесни за најмалата болест.“ – Монтењ

8. „Суди за здравјето според тоа како им се радуваш на утрото и пролетта.“ – Хенри Дејвид Торо

9. „Многу луѓе го губат здравјето за да стекнат богатство, а потоа го трошат богатството за да си го вратат здравјето.” – А.Ј.Матери

10. „Подобро да се спречи, отколку да се лечи.” – Томас Фулер

11. „Не се плашам од човекот кои 10 000 удари ги вежбал по еднаш, но страв ми е од оној кој еден удар вежбал 10 000 пати.“–Брус Ли

12. „Во иднина, докторите нема да ги лечат луѓето со лекови, туку со исхрана.“  – Томас Едисон

13. „Здравиот човек, истовремено е и богат, иако за тоа не е ни свесен.” – италијанска поговорка

14. „Од целото богатство најважно е здравјето. Здравиот овчар е повреден од болната кралица.” – Исак Бикесрстаф

15. „Најдобри од сите лекови се одморот и постот.” – Бенџамин Франклин

16. „За да го продолжите животот, намалете ги оброците.” – Бенџамин Франклин

17. „Рецептот за долг и здрав живот е умереност, чист воздух, лесна работа и малку нега.”– сер Филип Сиднеј

18. „Планирајте го целото пладне за вежба и рекреација, бидејќи тие се подеднакво потребни како и читањето, дури и повеќе потребни од него, бидејќи здравјето е поважно од науката.” – Томас Џеферсон

19. „Должност ни е да го чуваме нашето здравје, инаку нема да имаме здрав и чист ум.” – Буда

20. „Во принцип, луѓето, со оглед на напредокот во кулинарството, јадат два пати повеќе отколку што е потребно.“ – Бенџамин Франклин

21. „Кој мисли дека нема време за вежбање, порано или подоцна ќе има време за болест.” – Едвард Стенли

22. „Здравјето е најголемото богатство. ”– Вергилиј

23. „Ако стигнала низ прозорецот на вашиот автомобил, тогаш тоа не е храна.“ – Мајкл Полан

24. „Докторите се луѓе кои пропишуваат лекови за кои знаат малку, за да спречат болести за кои знаат уште помалку, за луѓето за кои не знаат ништо.“ – Волтер

25. „Многу таканаречени духовни луѓе се прејадуваат, премногу пијат и не вежбаат. Но, одат во црква секој викенд и се молат- Господе, помогни ми да го излечам артритисот, да ја вратам силата и младоста.“– Џек Ла Лејн

26. „Кромидот и лукот ги искоренуваат поголемиот дел на прехрамбените алергии.“ – Мартин.Х.Фишер

27. „На светот постојат многу луѓе кои многу време трошат на грижата за здравјето, па немаат време да уживаат во него.“– Џош Билингс

28. „Нашата храна би требало да биде наш лек и обратно.“ – Хипократ

29. „Секоја прекумереност ѝ се спротивставува на природатa.“ – Хипократ

30. „Болеста го напушта својот домаќин тогаш кога не може да го препознае.“ – Шаманска поговорка

Прочитајте ги и следниве мисли и цитати за вечноста.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!