Кога болката е твој другар – Менче Кадинец

Кога болката те обвитка
а боли не ја забораваш.
Кога виделина бараш
а ја нема не забораваш
Кога болката е твој другар
се завиткуваш во ќебето
и топлина бараш.
Стуткана како сенка
во аголот на креветот
трошка голтка вода подпиваш.

И доста ти е од сè!
Од себе, од него, од неа!
И доста ти е од распарчени зборови
молитви, клетви, измислици!
Доста ти е од скали калливи
од редење чисти и валкани
обувки и палта!
Од реченици прости
проширени или сложени.
Свеќата ја бараш да ја запалиш
ем свети, ем топли, ем гори!

Кога болката стане твој другар
ја бркаш како каллива кучка
ама со топли очи
и сакаш да се дружиш со неа!
И пак стуткана како сенка
во аголот на креветот
си ги броиш стиховите!

Менче Кадинец

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!