М олскавична бол во градиве имам,
зашто засекогаш ќе те немам.
О громна тага во срце ми лежи и
телово на парчиња ми го режи.
Л ицемерна радост душава ми ја теши,
не може меѓу тагата и неа да се реши.
И магинативна среќа во глава ме обзема,
не давам никој од мене да ја одзема.
Т рагично Бог ми те зеде,
зашто сака и таму горе песна да се пее.
В оскреси ја неговата душа,
зашто има и таму кој да го слуша.
А, ноќите за тебе бдеени,
ќе останат во мене засекогаш влеани.
Даниела Кадинец